недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев лажно ветуваше европска, а сега нуди „мини-шенген“ Македонија која не смее да биде алтернатива на членство во ЕУ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев лажно ветуваше европска, а сега нуди „мини-шенген“ Македонија која не смее да биде алтернатива на членство во ЕУ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мини Шенген не смее да биде алтернатива на членство во ЕУ и вклучување на Македонија во широкото семејство европски држави. Регионалните соработки не се алтернатива на евроинтеграциите на Македонија. Ваквата иницијатива која Заев се обидува да ни ја прикаже како дипломатски успех е всушност пораз на политиката на Заев. Зоран Заев ги лажеше граѓаните, ветуваше европска Македонија, а сега нуди мини шенген Македонија. Но што да се очекува друго од човек кој европските перспективи ги кочи со растечка корупција и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Интересите на Македонија единствено може да се остварат во широка и обединета Европа, а не во тесни регионални кругови, кои патем се нецелосни и не се одраз на македонските национални и државни интереси. Зоран Заев треба да признае дека Македонија ја донесе во ќор сокак. Овие четири години власта на Заев се четири украдени години за граѓаните, велат од партијата.

Најнови вести