среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Нека грми арената „Тодор Проески“, дождот да ви даде сила за уште голови во мрежата на Германија

Заев: Нека грми арената „Тодор Проески“, дождот да ви даде сила за уште голови во мрежата на Германија

-Заигра македонското срце кога пролетта во Дуисбург ја надигравме големата Германија со 2:1 на гости.

Целиот свет дозна за тоа кои сме и од каде доаѓаме. Денеска сме ние домаќини на Германија во Скопје, во квалификациите за Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар. ⚽

Да им посакаме топло добредојде во Македонија на гостинските фудбалери и навивачите кои допатуваа да го следат натпреварот.

Нека грми Арената „Тодор Проески“, дождот да ви даде сила за уште голови во мрежата на Германија. 🇲🇰 🇩🇪, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Најнови вести