петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев сака изборен фалсификат без набљудувачи и прочистен список

И покрај овие бројки иако во регионот и Европа сите држави ги откажаа изборите за во иднина, кај нас власта е убедена дека има услови за избори и тоа за само 20-тина дена од денес.
Заев сака изборен фалсификат без набљудувачи и прочистен список

Речиси се поизвесно е дека Зоран Заев не се откажува од намерата да имаме избори на 5 јули идниот месец иако бројката на ново заразени расте од ден на ден и истата е троцифрена.

Вчера регистрирани се рекордни 9 починати лица и 162 ново заразени лица со што бројката се искачи на 4.057 заразени лица и 188 починати од почетокот на епидемијата во земјава.

И покрај овие бројки иако во регионот и Европа сите држави ги откажаа изборите за во иднина, кај нас власта е убедена дека има услови за избори и тоа за само 20-тина дена од денес.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека останува време СДСМ да се вразуми, а на Стево Пендаровски да покаже капацитет за државност и да прогласи вонредна состојба.

-Избори може да се случат најрано во средината на јули, тогаш ќе имаме можност и за набљудувачка мисија, но и посигурни здравствени услови. СДСМ да не се коцка со здравјето на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев сака избори на кои ќе го загрози здравјето на граѓаните без набљудувачка мисија и без прочистен список. Одговорноста за такви едни избори е на Заев, но и за кризата која доаѓа со тоа. Зоран Заев мисли дека на ваков начин ќе избега од одговорност за криминалите. Заев не е во можност да обезбеди ниту услови за избори како во една Белорусија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ незрело и безобѕирно кон здравјето на граѓаните сакаат изборна кланица, со стотици заразени секој ден и по неколку мртви. Заев како најголем некрофил е спремен да кази преку мртви за функција. Заев е причината за избувнувањето на вториот пик на коронавирусот поради предвреме почнатата кампања. Заев прво го стави во ризик здравјето на своите сопартијци, кои заради неговата желба за власт завршија во карантин, а сега сака да ја зарази цела нација, се наведува во партиското соопштение.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера преку прес-конференција истакна дека на избори ќе одат само доколку се заштити здравјето на граѓаните и доколку има набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР.

Нашата земја како и многупати досега во историјата се соочува со дилема пред раскрсница, но оваа е доста важна од повеќе аспекти. Сериозната здравствена криза на површина ги извади сите слабости на нашиот систем и секако даде одговор на прашањето зошто оваа власт на чело со оваа раководство на СДСМ треба да си оди побрзо. Тоа го говорат бројките, тоа го говори таа опасна неспособност на Владата и отсуството на конзистентна политика и мерки, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сигурно многумина од вас ќе се прашаат што значи ова одолговлекување на изборите, па натегање за датуми, игра на нерви, премостување и ситнење на недели. И ќе ја соопштам поентата, од нашата страна не е прашање на инаетење, туку единствено нешто за кое што се водевме овој период и ќе продолжиме да се водиме во иднина, а тоа е како да предложиме нов протокол за заштита на здравјето награѓаните. Желбата на ова раководство на СДСМ соопштена преку Зоран Заев најпрво беше избори на 7-ми јуни, па потоа велеа 14-ти, па 21 јуни.  Сега гледаме дека 5ти јули е претпоследниот предлог а најновиот датум за избори кој тој го става на маса е 8ми јули, чинам вчера го соопшти. Доколку прифатевме избори на било кој датум од претходно споменатите, еве на пример ако тоа беше 14-ти јуни како што Заев бараше, денес на овој ден требаше да има избори. Но, ќе потсетам дека ние вчера го имавме најцрниот ден на заразени и починати граѓани, дури 200 ново заразени и 8 починати од корона и оваа бројка доколку имаше претходно изборна кампања верувајте дека ќе беше неколку кратко поголема, а Македонија ќе имаше дополнителен хаос, вели Мицкоски.

Тој додава дека според ова ќе имавме избори во вториот пик кога еве гледаме дека сме на врвот во светот според заразени по глава на жител. И затоа за мене е многу важно да се премости овој пик, да се создаде стабилизација на состојбата во некаква нормала а во меѓувреме да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните. И кога тоа ќе се обезбеди да се оди на гласање со целосно почитување на уставот и законите. Ова пред се значи прочистен избирачки список и присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во државата.

-За мене навистина е поразително што ова раководство на СДСМ  тргна на избори еднострано и со диктат, а се уште немаме ниту прочистен избирачки список, ниту пак  присутна мисија на          ОБСЕ и ОДИХР во Македонија. Колку за споредба дури и во најмалку демократските земји, дури и во една Белорусија пред да отпочне кампањата мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се наоѓа во државата, а Заев сака на мала врата со свој диктат и уцена да протурка матни избори какви досега од осамостојувањето до денес не сме имале, потенцираше на вчерашната прес-конференција Мицкоски.

И претседателот на ДИК го урна планот на Заев за избори на 5-ти јули

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски смета дека нема причина за закажување на седница на ДИК како што бара СДСМ затоа што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието, Талат Џафери да донесе решение со нов датум за избори.

За МИА вели дека ниту најавил седница, ниту, пак, планира да го направи тоа додека не добие решение од претседателот на Собранието.

-Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Од денеска сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Четворицата членови на ДИК од СДСМ и БЕСА ми пуштија пред два часа барање за свикување на седница. Согласно деловникот имаат право да побараат, меѓутоа во барањето се повикуваат на уредбите, а според мене и според многумина во државата и експертска и друга јавност и Уставниот суд уредбите важат само додека трае вонредната состојба. Немам рок за одговор, но ќе им одговорам дали ќе закажам или не седница. Им оставам сами да одлучат како ќе постапуваат, а јас нема да учествувам во незаконити дејствија, изјави Оливер Деркоски за МИА.

Според шефот на Комисијата за ДИК да работи легитимно и легално треба решение од претседателот на Собрание кое е првиот основен столб во Изборниот законик како се организираат избори.

-Претседателот на Собрението со решение го закажува датумот кога и да е, тоа мене не ме интересира кога ќе биде, битно е да има решение врз основа на кое ние после тоа планираме рокови и го носиме роковникот за избори. Без тој прв чекор не може да се организираат избори. Вториот основен чекор во Изборниот законик е избирачкиот список без кој, исто така, ако не е заклучен, потврден, прочистен комплетно согласно Методологијата за избирачки список донесена во февруари 2016 година од претходната ДИК не може да се зборува дека одите на легитимни избори, потенцира Дерковски.

Спикерот на Собранието Талат Џафери засега не се изјаснува, но портпаролот на ДУИ Бујар Османи дненскс изјави дека избори без сите партии е можен влез во политичка и безбедносна криза.

Јаковлески: Потребни се избори на средина на јули, да се гарантира безбедноста на луѓето, но и меѓународниот мониторинг

Еден од основачите на партијата денес оценува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се покажал како одличен и државнички.

Мане Јаковлески порачува дека избори на 5-ти и 8-ми нема да има.

„Потребни се избори на средина на јули. Да се гарантира безбедноста на луѓето, но и меѓународниот мониторинг.

Македонскиот народ по се’ што ни се’ случува, ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет.

ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, единствено може да ја врати гордоста, достоинството и победничкиот дух на македонскиот народ“, порача тој.

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ

Бројките на починати и заразени во Македонија секојдневно растат. Мерки нема. Власта крена раце од борбата со КОВИД-19 и свесно ја втурна државата во криза. Состојбата излезе од контрола поради неспособноста и неодговорниот однос на раководството на СДСМ, реагира Драган Ковачки.

-Ја прогласија короната за победена, тргнаа во кампања и ете го резултатот од таа победа. И наместо раководството на СДСМ да се зафати со решавање на кризата, тоа брза на избори, за да спаси што може. Сепак, знаат и самите се свесни оти спас нема. Титаник веќе удри во сантата мраз и тоне, а капетанот на бродот се’ уште ги убедува и храбри патниците дека музиката што ја свири бродскиот оркестар е прекрасна. Но тој, капетанот, не им кажува дека за него има чамец што го подготвил за себе. На неодговорното, себично и анти-државно однесување, на соодветен државнички начин одговори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски со 2 конкретни, оправдани и разумни барања за надминување на состојбата. За да одиме на избори потребни ни се прецизни процедури за заштита на гласачите и присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР како гаранција за кредибилноста на целиот изборен процес, што за волја на вистината досега го испоганија со насилство и поткуп. Нема нешто што е поважно од безбедноста и здравјето на оние од кои ја бараме нивната поддршка, оти ние постоиме за нив, а не тие за нас, истакна тој.

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ:

„Дајте да ги надминеме суетите и личните желби и во прв план да ги ставиме државните интереси. 7-10 дена плус или минус нема да сменат ништо во изборните резултати, но може да сменат многу во перцепцијата дали созреваме како демократска нација.

Иако видовме колку сте (не)демократи, дајте барем на заминување заминете си со позитивна одлука за државата Македонија„.

Зошто 15-ти јули е првиот можен датум за избори?

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценска мисија, која најрано може ја да испрати во Македонија на 19-21ви јуни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека откако мисијата ќе дојде во земјава, од следниот ден би влегле во изборна кампања.

Кампањата трае три недели, што значи дека и првиот можен датум за избори би бил 15-ти јули.

Ден претходно, на 14-ти би гласале болните, лица во самоизолација и постари од 65 години. Ќе гласаат од своите домови.

Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен за подоцна.

Инаку на вчерашниот ден кога Заев сакаше да има избори во земјава имавме над 160 заболени и рекордни 9 смртни случаи.

Во мај годинава тој заедно со раководството на СДСМ тврдеа дека во јуни ќе се олабават мерките, вирусот ќе опадне и дека е идеално време за одржување на парламентарните избори во земјава.

Граѓаните преку социјалните мрежи вчера само претпоставуваа што би се случило доколку вчера имавме избори со толкумина починати лица…

Најнови вести