сабота, 4. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев сам си одлучи: Одиме на избори, нема причина за нова вонредна состојба- таа не е поврзана со коронавирусот!

Заев сам си одлучи: Одиме на избори, нема причина за нова вонредна состојба- таа не е поврзана со коронавирусот!

Лидерот на СДСМ Зоран Заев никако да се откаже од намерата да има избори, макар и да брои мртви на истите…

Денеска тој во изјава за весникот Вечер вели дека избори 22 дена по завршување на вонредната состојба мора да има!

Вонредната состојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули, изјави Заев за весникот „Вечер“.

Вонредната состојба, како што посочува Заев, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од коронавирусот.

Заев преку мртви до избори: 7 починати и 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Најнови вести