четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Со чист образ барам од вас да дадeте шанса

Заев: Со чист образ барам од вас да дадeте шанса

Вечерва во Битола пред насобраните граѓани, СДСМ одржа граѓанска трибина.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓаните им порача дека сиот фокус сега треба да биде ставен на мобилизацијата на членството, на нашите соседи, роднини, пријатели и познаници да излезат и да дадат поддршка за нашите кандидати кои се во вториот круг.

„Со чист образ, сакам да побарам од вас да дадeте шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат во минатото.  Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел.  Во име на се што постигнавме досега, сакам да пратам порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, во огромна неизвесност и криза“, додаде Заев.

 

Најнови вести