петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Захариев: Постапката за продажба и отстранување на објектите на „Стипион 2011“ е спроведена законски

Захариев е уверен дека и оваа, како што вели, лажна кривична пријава ќе биде отфрлена
Захариев: Постапката за продажба и отстранување на објектите на „Стипион 2011“ е спроведена законски

Поранешниот градоначалник на општина Штип, Илчо Захариев вели дека обвинението за Спортскиот рекреативен центар Брегалница е лажно.

-За просторот каде беа објектите на Штипион донесен е Детален урбанистички план усвоен од Советот на општина Штип. Изработен е проект Спортско рекреативен центар Брегалница финансиран преку германската влада и источен плански регион, се вели во реакцијата од Захариев.

Според него, продажбата на базенот и останатите парцели се со одлука на Советот на општината.

-Јавното претпријатие Штипион со одлука на совет доби нови простории во Новакова чешма, поранешни магацини на АРМ. Целата постапка за продажба и отстранување на објектите кои беа руина е спроведена законски. Општината инкасираше околу 600.000 евра од продажбата на земјиштето. Реализацијата на СРЦ Брегалница е од голем интерес за градот Штип, се вели во реакцијата.

Захариев е уверен дека и оваа, како што вели, лажна кривична пријава ќе биде отфрлена.

Најнови вести