петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зајакнување на соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Јавно обвинителство

Зајакнување на соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Јавно обвинителство

Претставници на Државниот завод за ревизија предводени од главниот државен ревизор Максим Ацевски и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија предводени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера имаа работна средба во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој ДЗР го реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер и Институтот Ресис.

Како што информира ДЗР, целта на средбата е имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното обвинителство и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.

– На состанокот беше презентиран нацрт-протоколот за комуникација помеѓу двете институции кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите. Работната средба резултираше со заклучоци во насока на номинирање лица од двете институции за остварување побрза и поефикасна комуникација, иницирање на едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од конечните ревизорски извештаи по кои согласно законските надлежности треба да постапува јавното обвинителство, како и потпишување на меморандум за соработка, информира Државниот завод за ревиизја.

Најнови вести