сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Северна Македонија и САД потпишаа десетгодишен план за соработка во одбраната

Северна Македонија и САД потпишаа десетгодишен план за соработка во одбраната

Остин изразил благодарност за работата на Северна Македонија да го поддржи украинскиот народ, за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР, се наведува во соопштението од Министерство за одбрана

Oбластите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку кои ќе се развива одбраната и Армијата се дефинирани во патоказот за соработка во одбраната кој го потпишаа министерката на одбрана Славјанка Петровска и секретатот за одбрана на САД Лојд Остин.

„Северна Македонија одамна е голем пријател на САД и нашите интереси и нашите вредности нè тераат да се стремиме кон Европа која е слободна, цела и во мир“,

рекол Остин при пречекот на Петровска во Пентагон, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
Остин, како што се наведува во соопштението од Министерство за одбрана, изразил благодарност за работата на Северна Македонија да го поддржи украинскиот народ , за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР.

Тој ја пофалил Северна Македонија, која е членка на НАТО од 2020 година, за нејзиниот придонес во Алијансата.

„Денес, горд сум што заеднички ќе го потпишеме патоказот САД-Република Северна Македонија за одбранбена соработка. Горд сум што имаме долгорочно и силно билатерално партнерство. Соработката во следните 10 години покажува дека можеме да работиме заедно на модернизацијата и заедно да се носиме со глобалните предизвици“,

рекол Остин се додава во соопштението од Одбрана.
Министерката Петровска, се вели во соопштението, кажала оти Северна Македонија, денеска е земја-членка на НАТО и дека земјата, заедно со Соединетите Американски Држави, стои рамо-до-рамо во справувањето со заедничките безбедносни предизвици.

„Минатата година САД ни дадоа огромна поддршка која не беше само финансиска. Разменувавме знаење и искуство, вежбавме и се обучувавме заедно и ние сме горди што заедно придонесуваме кон безбедноста на НАТО и на регионот“,

рекла министерката Петровска на состанокот.
Во однос на руската агресија врз Украина, министерката Петровска рекла дека Северна Македонија од самиот почеток ја осуди оваа неиспровоцирана и неоправдана инвазија и додаде дека нашата поддршка за Украина не е само политичка, туку е и во донации на воена опрема.

На средбата, информираат од Министерство за одбарна, станало збор и за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, при што министерката Петровска и секретарот за одбрана Остин заклучиле дека потребни се брзи чекори напред и јасен сигнал дека процесот се движи кон главната цел – членство во Унијата.

Најнови вести