Собраниската седница за законот за Јавно обвинителство ќе се одржи денеска во 11 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера рече дека ја седницата ја одложил поради бројката од пријавени повеќе од 30 пратеници за дискусија и поради жалбите од пратениците што ги примал во текот на целиот ден дека се изморени.
Во однос на пораките кои некои од пратениците му ги праќале преку Фејсбук, Џафери рече дека тој нема таков профил, и им порача дека ако преку такви пораки повикуваат дека имало можност да се создаде ново мнозинство, ги повика денеска на лидерска средба.
-Се додека примам пораки дека има можност да се создаде друго мнозинство дека ќе биде поуспешно, јавно ги повикувам партиските лидери доколку сериозно мислат дека имаат потреба да создадат друго мнозинство, јавно ќе организирам преку мојата покана во текот на утрешниот ден да имаме лидерска средба согласно Пржинскиот договор, согласно договорот за предвремените избори од 12 април, да потврдиме дека има желба да се одржат изборите на 12 април, истакна вчера Џафери.
Двата закони пред два дена поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.
Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.