среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Законот за управување со природното и културното наследство во Охрид пред пратениците

Законот за управување со природното и културното наследство во Охрид пред пратениците

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера.

Пратениците денеска ќе расправаат по преостанатите точки, а меѓу нив се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и двата по скратена постапка и во второ читање.

Овие два закони ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница, откако денеска претходно ќе поминат во матичната Комисија за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред е и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура.

Новиот закон за управување со природното и културното наследство е согласно советите и условите што УНЕСКО ги истакна во последниот извештај, а законот вчера не расправата во матичната Комисија не беше поддржат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон. Забелешки имаше и во однос на составот на советот, што треба да се формира согласно предлогот. Според опозицијата, законот ги амнестира градоначалниците од одговорност.

Според пратениците од СДСМ законот треба да се донесе што е можно поскоро бидејќи Охрид се наоѓа во страшна состојба и УНЕСКО бара реална разработка на план за справување со големата криза, а одговорноста за таа состојба треба да се бара кај сите.

Комисиската расправа беше прекината поради почеток на пленарната седница и дополнително ќе биде закажана.

На дневен ред на 104. седница е и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Најнови вести