четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Жално е што СДСМ е против 100 електрични автобуси, преполовена загаденост на Скопје и нови 500 вработувања“

„Жално е што СДСМ е против 100 електрични автобуси, преполовена загаденост на Скопје и нови 500 вработувања“

Ние нема да прашуваме во кое својство Зоран Заев се фали со минималната плата, иако веќе не е премиер, затоа што е совршено касно дека Ковачевски е пиунот преку кој Зоран Заев краде и ја уништува државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но затоа ќе одговориме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува проекти меѓу кој за мега набавка на најмалку 100 електрични автобуси како човек кој ја доби мнозинската поддршка од народот на последните избори и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ која држи до зборот и ветеното.

Ја разбираме нервозата на СДСМ која целата енергија кога веќе има целосно отсуство на работа во институциите под нивна контрола ја насочуваат кон деструкција и дезинформирање, стои во партиската реакција и се додава:

„Одговорна партија ќе излезеше и ќе го поздравеше проектот со кој ќе се преполови загаденоста на воздухот. Жално е што СДСМ е против набавка на најмалку 100 електрични автобуси, преполовена загаденост на воздухот во Скопје и фабрика со 500 нови вработувања.

Тие градеа хациенди дивоградби и местат тендери, ВМРО-ДПМНЕ прави промени и создава иднина.

Нека продолжат да напаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи“.

Најнови вести