сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Започна градбата на новата православна црква во Дортмунд- црковниот одбор ги повикува сите верници да се вклучат во помошта за побрза изградба

Започна градбата на новата православна црква во Дортмунд- црковниот одбор ги повикува сите верници да се вклучат во помошта за побрза изградба

По сите подготовки и припреми се започна со градба со новата црква СВ. Кирил и Методиј во германскиот град Дортмунд.

Парохискиот свештеник во Дортмунд протојереј Душко Пецов со најмладите дечиња, некои од нив облечени и во народни носии симболично го започнаа градењето на црквата.

Црковниот одбор ги повикува сите верници од целиот свет да се вклучат во помошта за побрзо да се изгради храмот.

Протојереј Душко Пецов ги поздравува сите верници и упатува апел до сите:

„Почитувани верници конечно сонот станува јаве, да се сплотиме сите и заеднички во слога и љубов да го изградиме овој храм кој ќе сведочи за постоењето на еден верен, свет македонски православен народ. Црква од сите за сите“.

Најнови вести