петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Започна средбата меѓу Ковачевски и Села, се дебатира за францускиот предлог

Започна средбата меѓу Ковачевски и Села, се дебатира за францускиот предлог

Во Клубот на пратеници претпладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.

Широките консултации за францускиот предлог почнаа во петокот најпрво со коалициските партнери во Владата, од кои дел веќе се изјаснија позитивно за предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следниот период. Премиерот одржа и консултативни средби со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена.

Најнови вести