четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заразени пациенти со Коронавирусот сведочат за сместувањето на Инфективната клиника: Храната не е соодветна ниту за животните (ФОТО)

И додека пациентите се борат за воздух тие се хранат со несоодветна храна за нивната клиничка слика.
Заразени пациенти со Коронавирусот сведочат за сместувањето на Инфективната клиника: Храната не е соодветна ниту за животните (ФОТО)

Хорор детали раскажуваат пациенти кои лежат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Имено до редакцијата на КУРИР се обрати пациент кој веќе втора недела е хоспитализиран во Ковид одделението поради компликации од вирусот.

И додека пациентите се борат за воздух тие се хранат со несоодветна храна за нивната клиничка слика.

Нашиот извор утрово ни ја фотографираше храната која како што самиот вели не е соодветна ниту за животните, а не пак за пациентите сместени од Коронавирусот.

-Цел леп, заедно со храна која често е жива и непечена, тоа ни се нуди секојдневно, вели пациентот за нашиот медиум.

Најнови вести