сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затуроска до СДСМ: Не само што практикувате носење закони по брза постапка дури повеќе ја усовршувате

Затуроска до СДСМ: Не само што практикувате носење закони по брза постапка дури повеќе ја усовршувате

-И покрај реакциите на опозицијата, г. Талат Џафери вие повторно поддржувате од повеќе од половина на законите кои што денес ги имаме на дневен ред да се носат по скратена постапка и да се кријат, уште пострашно да се злоупотребува европското знаменце, нагласи на денешната седница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска.

„Во што е проблемот дали тоа значи дека вие немате доволно авторитет да се спротивставите на налогодавачите за вакви законски решенија под плаштот на европското знаменце да се протнуваат во Собранието на Република Македонија. Или сакате да демонстрирате моќ, сила и да кажете без разлика на вашите реакции ние ќе си тераме по она кое што нас повеќе ни одговара“, истакна Затуроска.

Најнови вести