среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затуроска: Локалната самоуправа во Струга нема идеја како да ги решава инфраструктурните проблеми

Затуроска: Локалната самоуправа во Струга нема идеја како да ги решава инфраструктурните проблеми

На денешната седница на Комисијата за финансирање на буџет имаше обраќање пратеничката од редовите од ВМРО ДПМНЕ Лилјана Затуроска.

Затуроска истакна дека со амандманот кој го предлага се бараат 100 милиони денари за изградба на катна гаража во Струга за решавање на проблемот со паркингот.

Имено, Затуроска истакна дека ова е од огромно значење за градот Струга за жителите и секако за развивање на туризмот во самиот град.

„За жал локалната самоуправа нема идеја како да ги решава инфраструктурите проблеми“ – кажа Затуроска.

Таа исто така кажа дека градот нема примарна инфраструктурана мрежа што е катастрофално за еден град кој сака да се развива туристички и на секаков можен начин.

Инаку заменик министерката Ширет Елези го одби овој амандман.

Најнови вести