На денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот говореше пратеничката Лилјана Затуроска од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Таа истакна дека овој ребаланс не е реален и нема да се реализира до крајот на годината.
-Овој ребаланс ниту е реален, ниту е добро осмислен а истиот не може ниту да се реализира до крајот на годината со оглед на проекцијата врз основа на кој што е конципиран, посочи Затуроска.
Таа истакна дека 2,8 % е проектираната стапка на раст на Бруто домашниот производ и дека со вака лоши резултати во економијата тешко дека ќе се достигне овој раст посебно ако се земе во предвид фактот дека веќе сме при крај на годината што е многу кратко да се реализираат сите проекти кои што се превидени во ребалансот на буџетот.