четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затуроска: Заев повеќе пати ги прекрши Уставот и законите на Македонија иако даде заклетва дека ќе ги штити

Затуроска: Заев повеќе пати ги прекрши Уставот и законите на Македонија иако даде заклетва дека ќе ги штити

Откако е дадена заклетвата на премиерот  Уставот и законите се прекршени толку многу,  што се прашувам дали е потребно во Република Македонија да имаме Устав и закони кога првиот човек на владата на Македонија кој се заколнал дека ќе го штити Уставот, тој веќе го прекршува, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на денешната собраниска седница.

– Сите премиери на држави вклучувајќи го и нашиот премиер, пред да седне на премиерското столче пред Уставот на Република Македонија во собраниската сала на се уште непрекрстена Македонија, и пред цела македонска јавност положи заклетва и се заколна дека совесно, чесно и одговорно ќе ја извршува функцијата претседател на владата и дека нема да дозволи загрозување на македонскиот идентитет, јазик и култура, истакна Затуроска

Таа  потсети на  некои од изјавите на премиерот Заев во кои изјавува дека нема да го прекршува Уставот и каде вика дека ниту би ја предал ниту би тргувал со Македонија  и потсети на изјавата на Зоран Заев каде тој  вика дека патриотизмот не му прилега на СДСМ.

– Вие бевте истиот  Заев кој ветуваше, убедуваше и се колнеше во најмилото дека нема да се менува Уставот, нема да му се наштети на идентитетот, на јазикот, дека името ќе се реши на начин кој нема да предизвика ниту за грам болка на ниту еден Македонец, а за вашите црвени линии одговоривте националното име, идентитет и националната жичка никој не смее да ја гибне, рече таа.

Затуроска посочи дека од Македонија  земја со повеќе вековна историја, богата културна ризница, традиција со свои обичаи и адети,  свој македонски јазик, Заев сега создаде генетски модифицирано новороденче кое е вештачка творевина и кои ниту има корени ниту има идентитет полно со сите вбризгани отрови на овој свет кои ќе донесат раздор во националното ткиво, меѓусебна омраза.

Најнови вести