понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Завршена обдукцијата на телата на 13 загинати во автобуската несреќа

Завршена обдукцијата на телата на 13 загинати во автобуската несреќа

Во Институтот за судска медицина се примени 14 тела на загинати патници во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Завршена е обдуцијата на телата на 13 патници, а за два часа се очекува да заврши и обдукцијата, која е во тек, и на уште едно тело.

Ова за МИА го изјави директорот на Институтот за судска медицина, Алекс Станков, кој рече дека во тек е идентификациската постапка, која се врши заедно со МВР и утре би требало МВР да има официјална листа на загинати патници, официјално потврдена со идентитет и со се.

Посочи дека извештајот ќе го достават до надлежен јавен обвинител.

– Нема утре да го доставиме, туку кога ќе ги завршиме анализите со извештаи за секоја обдукција. Тоа се 14 извештаи и треба обвинителот да ни каже што да работиме. Меѓутоа, идентитетот и листата на загинати ќе си ја има обвинителот, од полиција ќе си ја добие. Обдукциите од синоќа ги работиме, 13 се завршени, а на 14-тата се работи и за два часа ќе биде завршена, додаде Станков.

Најнови вести