вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заврши протестот за осудените за убиството на Никола Саздовски: Бараат прeквалификација на предметот

Заврши протестот за осудените за убиството на Никола Саздовски: Бараат прeквалификација на предметот

Мирно заврши протестот организиран од роднините на осудените за случајот „Саздовски”. Роднините со разни пароли и вртени со грб кон комплексот судови побараа преквалификација на кривичното дело од “свирепо убиство” во “насилство со смртни последици”.

– Осудените не сакаа да му го одземат животот. Тие никогаш не мислеле за убиство и уште помалку за свирепо убиство. Има разни докази, но јасно е дека не сакаат да ги земат предвид. Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека беше собраќајка со смртни последици, изјави Бесар Бела, брат на осудениот Бесир Бела.

Тој додаде дека оваа одлука нема да ја прифатат.

Барањето за превкафиликација на кривичното дело демонстрантите му ја упатија на Врховниот суд на Република Македонија.

Изминатиот период Апелацискиот суд Скопје, ја објави одлуката за случајот ,,Саздо”, со кој на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, се намали казната затвор од 19 на 16 години затвор (поединечно).

Најнови вести