сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Гробари на културата во општина Велес

Здравковски: Гробари на културата во општина Велес

Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук статус објавува дека за само две години владеење, во континуитет се уништува и погазува историјата и традицијата со секој ваш чекор

-За само две години владеење, во континуитет се уништува и погазува историјата и традицијата со секој ваш чекор. Како што е случајот со вардарската регата, со нечествувањето на Миле ПопЈорданов, укинување на традиционалниот турнир во фудбал Тунел, дојде ред и на Фестивалот на Античка драма Стоби.

Сега како што сме навикнати, повторно од страна на градоначалникот Аце Коцевски гледаме вадење, тетеравење и обвинувања спрема сите, само својот “образ” да се зачува.
Известување дека амфитеатарот во локалитетот Стоби не е безбеден за публика има уште во 2014 година, затоа беа преместени претставите во новиот театар ЈХК Џинот во Велес. Минатата година, без мислење од археолози за безбедноста, но со дозвола од директорот на Стоби, се одржа фестивалот во скратен формат во локалитетот повторно, за годинава да биде укинат.

Овој фестивал на античка драма, цели 17 години беше симбол на културата и најпосетуван културен настан во Македонија, после Охридско лето, со во просек над 4000 секоја година, изведување по 7,8 па и 9 театарски претстави и буџет обезбеден од министерството, општината и спонзори во висина од 3200000 денари во најдобрите години.
И тогаш организаторите беа критикувани за малиот репертоар од страна на тогашната опозиција, немањето технички услови итн.
За жал, оваа година, министерството за култура не успеа да одвои средства за продолжување на долгогодишната традиција, иако меѓудругото имаше одвоено за песни за терористи, но не и за овој настан кој го практикувале и бил дел од начинот на живот на АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ кои живееле во овој тогаш развиен град.
Се поставува прашањето колку општината се ангажира за културата и традицијата во градов, дали воопшто има поднесено барање до министерството за култура за поддршка на фестивалот, и дали воопшто градоначалникот и неговиот тим имаат капацитет да направат еден културен настан.
Логиката единствено ми кажува дека слепо го следат примерот на премиерот кој јавно се огради од антиката, а со тоа и ја погазува историјата и иднината на еден цел народ, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести