петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Никогаш нема да аминувам договор со Република Бугарија кој би ја поништил историјата

Здравковски: Никогаш нема да аминувам договор со Република Бугарија кој би ја поништил историјата

Овие два дена сме како во некоја гробница, мрточовечница затоа што гледаме што се спрема. Гледаме дека се спрема погреб на македонската нација и македонското достоинство, изјави Игор Здравковски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

„Секој ден ќе има нови и нови барања. Тие ќе ни кажуваат дека учебниците не ни вредат, дека нашите херои загинале можеби во несреќни случаи, дека Трајко Андеев, Бранко Киров од Велес се загинати затоа што се спретнале на камен, ќе кажуваат дека Невена Ѓорѓиева Дуња не е заклана, дека деца во Ваташа не се заклани и ние сето тоа ќе треба да го прифатиме“, кажа Здравковски.

Тој запраша доколку не е ова така кажете кога е тој датум што ќе го добиеме, дали постои такво нешто? Одговорот е секако дека не постои такво нешто.

„Да знаете дека ништо не постои, за жал доколку остане ваква ситуација ниту вие ќе можете да одите напред ниту Република Македонија ќе може да оди напред. Ни останува единствена работа да ги засукаме ракавите и да почнеме да работиме за доброто на Република Македонија“, посочи Здравковски.

Здравковски додаде дека никој не сака корумпиран народ, апаши и никој не сака без ‘рбетници. Ја користат слабоста на Владата и слабоста на Република Македонија.

Тој никогаш нема да аминува договор со Република Бугарија којшто би ја поништил историјата и кој би значел мачкање со нешто кафено на главите на Македонците.

„Немојте да си играте со идентитетот на Република Македонија, денес и вашиот пријател Ципрас потврди дека во 2018-та тој е изгубен за потоа да ни кажете пак дека го имаме, а денес исто така и од Европската Унија да ни потврдат дека повторно го немаме јазикот. Мислите што правите, вие сте претставници на народот а 3/4 од македонскиот народ смета дека ова е штетен договор“, заклучи Здравковски. (МИА)

Најнови вести