Здружение на граѓани за остварување и унапредување на човековите права, одржлив развој и прифаќање на културните различности “ЕДИНСТВО НА ЗАЕДНИЦИТЕ” од Скопје, денес продолжија со теренски активности во општина Чаир, Бутел и Гази Баба со цел потикнување на граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на престојните избори под мотото: ИЗЛЕЗИ И ГЛАСАЈ! ЗА СЕБЕ, ЗА МАКЕДОНИЈА!