Додека народот осиромашува, владеачката елита на СДСМ и ДУИ преку криминали и корупција се богати. Случајот со генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, исто како и неговиот претходник Рашковски ја злоупотребил својата функција направил криминална зделка чија вкупна вредност е речиси 1 милион евра. Имено Зекири на двајца хрватски државјани им исплатил скоро 1 милион евра врз основа на договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти за кој немало тендер и на крајот добил “семинарски труд“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ваков милионски криминал не може да се прави без знаење на главата на мафијата. Оттука истрагата треба да се прошири на сите кои биле вмешани.
Затоа прашуваме, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро? Дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумотт Заев и или кај новиот шеф Ковачевски?, додаваат од партијата.