Политичкиот аналитичар и екс амбасадор на Македонија, Арсим Зеколи, смета дека со вчерашниот потег лидерот на опозицијата растурил систем контролиран од Белград кој трае 3 децении.
„После 30 години глума социјалдемократија и патриотизам, граѓански концепт и еквидистанца, невладини организации и слободен печат, академија и интелектуализам, рокери и фолкери, на сцена исплива и се покажа комплетната мрежа на белградската агентура во Скопје, македонска и албанска.
Заслугата за тоа му припаѓа на Мицкоски. Времето ќе покаже дали тоа ќе го истера до крај. Но, по протерувањето на Мијалков и старата клика, тој е на добар пат да по прв пат во овие три децении ВМРО добие автентично, македонско и македонистичко водство. Огромен предизвик, како поради разгневеното братство на синовите и ќерките на СИД-УДБ-КОС, како и поради немањето албански национален партнер за соработка поради темелната пенетрација на Белград во сите партиски раководства”, пишува Зеколи, кој важи за одличен познавач на македонските и регионалните состојби.