среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жерновски и Коsијас не сакаа да слушнат за ускратените права на Република Македонија

Жерновски и Коsијас не сакаа да слушнат за ускратените права на Република Македонија

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска ја напушти салата на ОН во моментот на обраќањето на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Интересно е што Жерновски и шефот на грчката дипломатија Коsијас ја напуштија просторијата оркестрирано, во моментот кога претседателот Иванов во своето обраќање се осврна на договорот со Грција, односно во моментот кога аргументирано говореше за прекршување на човековите права на Македонците од страна на Грците.

Жерновски и неговиот грчки колега немаа слух за состојбата на Република Македонија, на која според претседателот Иванов и е ускратено правото на самоопределување од страна на Грција.

Најнови вести