недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Охридското езеро

Зголемен водостојот на Охридското езеро

Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок, а кај останатите две природни езера е ист како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за два сантиметри повисок од просекот за февруари, а повисоко од просечното е и нивото на Дојранското Езеро и тоа за 2,95 метри. Единствено понизок водостој за 1,34 метри од повеќегодишниот просек има Преспанското Езеро, иако за 24 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Повисок водостој од просечниот имаат и повеќето од реките во земјава, иако кај голем дел од нив се бележи благо намалување на нивото во споредба со вчерашното.

Најнови вести