Водостојот на Преспанското и Дојранското Езеро е зголемен за по еден сантиметар во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, нивото на Преспанското Езеро е за 86 санитиметри пониско од повеќе годишниот просек за април, додека водостојот на Доранското Езеро е за повеќе од три метри повисок од просечниот.
Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера.