сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемена кирија во студентските домови, незадоволство од бесплатниот оброк – студентите се подготвуваат за протести

Зголемена кирија во студентските домови, незадоволство од бесплатниот оброк – студентите се подготвуваат за протести

Студентите соочени со високи кирии во домовите и незадоволни од бесплатниот оброк најавуваат можни протести.

Од „Студентски отпор“ велат дека месечната кирија во студентските домови се зголемила на 3.945 денари, трошоците за амортизација на 700 денари, при вселување за документација 500 денари, и уште 300 денари за како што велат фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.

Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот… Наместо да добијат зголемување на сумата, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти“, се вели во нивната реакција…

Во однос на субвенционираниот студентски оброк велат сè уште немаат информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе може да се користи ваквата поволност.

Најнови вести