Во декември лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,5 проценти на месечно и за 1,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1 процент, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти.
Според ДЗС, во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 8 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 проценти и Капитални производи за 0,3 проценти. (МИА)