вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зголемени продажните цени на индустриските производи

Зголемени продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,3 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 отсто.

Во споредба, пак, со минатогодишниот јули, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,0  отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3,5 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, пак, во јули годинава се повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, а за 3,0 проценти на годишно ниво.

Во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,9 отсто.

Во однос на јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14. проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4,8 проценти. (МИА)

Најнови вести