Нивоата на повеќе реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења покажуваат вредности пониски од просекот за декември.
Намалување на нивото има кај Вардар кај Јегуновце и кај Велес, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани.
Повисоки вредности од просекот за декември се бележат кај реките Вардар кај Скопје и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Струмица кај Сушево.
Зголемување на нивото е измерено на Дојранското Езеро, а намалување се забележува кај Преспанското Езеро. Нивото на Охридското езеро е исто со просекот за декември.