Почитувани жители на општина Кисела Вода, драги соседи,За жал сите ние сме очевидци како во изминативе три ипол години нашата општина е окупирана од урбанистичкиот хаос воведен токму од градоначалникот Темелковски, изјави Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.
– Сведоци сме како на секое парче зеленило никнуваат згради, како поради скандалозни одобренија за градење се уриваат потпорни ѕидови и како животот на граѓаните на Кисела Вода се доведува во опасност.
Од предизборните ветувања на Темелковски за ставање на ред во урбанизмот во општината останаа само лагите и празните зборови. Од животот за сите кои го ветуваа видовме само живот за бизнис елитата блиска до локалната власт. По чистиот воздух, гасификацијата, изградбата на паркови, урбаниот ред, изградбата на катните гаражи, училишта и градинки останаа само на хартија. Дополнително пак изминатите три ипол жителите се гушат во ѓубре и смет, вели тој.
– Меѓутоа тоа не е се! За жал покрај предлог скандалозните ДУП-ови предложени од градоначалникот тој успеал во неговиот досегашен мандат да издаде спектакуларни 60 одобренија за градење на станбени згради. Повтортувам 60 одобренија за градење. За жал најголемиот дел од овие објекти се изградени или пак се наоѓаат завршна фаза. За жал целата општина е претворена во градилиште а повеќе катници никнуваат на речиси секое ќоше, додека пак зелени површини речиси повеќе и да нема.Како одговорна партија, како ВМРО-ДПМНЕ јавно бараме веднаш да се престане со неконтролираното градење низ општината Кисела Вода, посочи Живковски.
– Го повикуваме Филип Темелковски итно и неодложно да престане да се однесува расипнички кон општината и кон жителите на Кисела Вода.Бараме за сите предлог ДИП-ови да се распише референдум, на на кој референдум граѓаните на Кисела Вода ќе го имаат последниот збор за евентуалното усвојување или неусвојување. Доколку не се одговори позитивно на ова наше барање во наредниот период ќе преземе порадикални чекори, додаде тој.