вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Животот во Карпош дојде само за градоначалникот- додека општината тоне во ѓубре Богоев се поднови со електрични тротинети

Животот во Карпош дојде само за градоначалникот- додека општината тоне во ѓубре Богоев се поднови со електрични тротинети

Додека жителите на Карпош го чекаат да дојде животот кој го ветуваше градоначалникот Стефан Богоев пред изборите во 2017 година се гушат во ѓубре и неподнослива миризба.

Животот очигледно во Карпош дојде само за градоначалникот Богоев кој го зголеми својот возен парк со електрични тротинети, додека општината се дави во загаден воздух, неподнослива миризба од дивите депонии и преполните контејнери цело лето.

Парадоксално според многумина коментари на Фејсбук е неговата кампања за #ЗеленКарпош, бидејќи како што пишуваат тие Карпош не бил никогаш позапоставен.

Фејсбук страната „Убав Карпош“ вчера сподели дека #Козле претворено во депонија, граѓаните се гушат во ѓубре и смет. Имаме ли надлежни служби во општинава или не? #ПрашањаКоиНеМачат

Најнови вести