петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жугиќ: Алаѓозоски го погази трудот на македонските музичари и композитори, културата и уметниците се жртва на заробената држава

Жугиќ: Алаѓозоски го погази трудот на македонските музичари и композитори, културата и уметниците се жртва на заробената држава

СДСМ и Роберт Алаѓозоски се неспособни да управуваат со културата во Република Македонија. Културата и уметниците се жртва на заробената држава од страна на власта, истакна на денешната прес-конференција Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека Алаѓозоски го погазил трудот на македонските музичари и композитори.

-Тој неосновано, без аргументи го поништи Конкурсот за откуп на нови музички дела од областа на класичната музика, откако претходно беше спроведен конкурс и објавена листата на добитници, со бледо образложение дека истата не била потпишана од министерот. Сега се поставува логичното прашање како Алаѓозоски дозволил листата да биде објавена без неговиот потпис? Неспособноста на Алаѓозоски не може да се оправда со ниту едно површно и неиздржано соопштение. Залудни се обидите преку соопштенија да се релативизира неспособноста на оваа власт, која животите на уметниците ги претвора во трагедија, истакна таа.

Жугиќ посочува дека од соопштението јасно се гледа интенцијата за деструктивност на министерот Алаѓозовски, бидејќи нема ниту една забелешка или недоследност се до моментот на објавување на резултатите од анонимниот конкурс, реализиран од стручна комисија составена од самиот министер.

-Очигледно, на министерот не му се допаднале некои имиња од наградените автори. Па нивниот повеќемесечен труд за создавање на класични музички бисери едноставно падна во вода. Имено вкупниот награден фонд за сите наградени дела на македонските автори е околу 3.000.000 денари, или онолку колку што доби фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика“ во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, фестивал кој сега на својот конкурс за класични композитори ги откупува новите дела за 200, 100 и 50 евра, наместо досегашните минимални 500 евра, вели таа.

Министерството за култура треба да одговори на следниве прашања:

  • Како планира Министерството да го повтори конкурсот кога едноставно анонимноста на авторите и делата е нарушена со објавување на резултатите?
  • Доколку министерот имал намера да го поништи конкурсот, зошто тоа не го направил пред да ја свика стручната комисија на 28-ми декември минатата година?
  • Кој ги објавил резултатите на веб страната на Министерството без претходно потпишано решение од страна на министерот и дали ќе се поведат дисциплински мерки против тоа лице?
  • Доколку имало недоследности во конкурсот, зошто немало жалба од ниту еден учесник на конкурсот во изминатите 4 години?
  • И дали министерот за култура има потпишано решение за годишната програма, а бидејќи имаме сознанија дека нема, дали тоа значи дека и Годишната програма ќе биде поништена поради недоследности и пропусти во постапката и законските рокови?, прашува Жугиќ.

Таа додава и дека културата како и секој сегмент на државата страда поради лошите политики на СДСМ. За жал, ние не можеме да очекуваме ништо од оваа недемократска власт. Македонија е заробена држава и колку побргу си замине оваа ненародна власт, толку подобро и за државата и за граѓаните.

Најнови вести