Македонија се избори за втората победа по четири меча во новата сезона во Лигата на нации на УЕФА, откако на домашен терен на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше против Гибралтар со 4:0 во 4 коло.
Барди во 4` минута постигна еврогол од слободен удар, Миовски во 14` и во 16` минута и Чурлинов во 31` минута реализираа до крајот на полувремето за Македонија, против селекцијата која се обиде, но не успеа да парира на тимот на Благоја Милевски.
Македонија на 23 септември во 5 коло ќе гостува кај Грузија а на 26 септември ја дочекува Бугарија во завршната рунда од Лигата на нации, каде брка прво место а по четири кола во групата 4 е на второто место.
На вториот натпревар од нашата групата, Грузија и Бугарија одиграа без голови.