сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ВИДЕО: Во петок македонска премиера на краткометражниот филм „Тале и Корона“

ВИДЕО: Во петок македонска премиера на краткометражниот филм „Тале и Корона“

Краткиот филм „ Тале и Корона“ (“ Tale and Corona”, 2022 г., 23 мин. Ц/Б, колор, ДЦП) според сценарио и режија на Томислав Алексов, ќе има македонска премиера во петок ( 2 декември, 18 ч.) во Кинотека на Македонија.

„Тале и Корона “ е приказна за издржливоста на човековиот дух во време на пандемија. Малиот Тале (8), голем вљубеник во филмската уметност, е заразен со коронавирус и се бори за својот живот. Користејќи ја силата на филмските ликови што ги обожувал во животот, собира сила и се спротивставува на болеста. Самовилата Корона му помага и станува негов пријател.

Улогите ги толкуваат:

Иринеј Ковчиќ, Весна Петрушевска, Мила Стојчевска, Сања Русеска

Гораст Цветковски, Дубравка Киселички, Крсте Јовановски.

Музика: Валентина Велковска- Трајановска, Директор на фотографија: Владимир Димоски Монтажер: Кузман Клековски, Дизајнер на звук: Владимир Аговски, 3Д

Аниматор: Раде Дичоски.

Филмот е финансиски поддржан од „ Агенцијата за филм на Р.С. Македонија “, а во продукција на „ Продукција МС“ од Скопје и продуцентот Кузман Клековски.

„Тале и Корона “ ќе се прикажува и како дел од декемвриската програма на Кинотека на Македонија од 3 декември.