петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Вилијамс го одигра најдолгиoт меч од 2012 година

Вилијамс го одигра најдолгиoт меч од 2012 година

Американската тенисерка Серена Вилијамс вчеравечер во второто коло на турнирот во Синсинати ја совлада Холанѓанката Аранча Рус со 2-1, по сетови 7:6 (8:6), 3:6 и 7:6 (7:0).

Мечот траеше 2 часа и 48 минути. Овој натпревар е најдолг за Американката од 2012 година. Тогаш таа загуби од Французинката Вирџија Разано со резултат 6:4, 6:7 (5:7), 3:6, а средбата траеше 3 часа и 3 минути.

Во 1/8 финалето на турнирот, Вилијамс ќе се соочи со Марија Сакари од Грција.