На свечена церемонија денеска во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објектот за тактички вежби.
Настанот е во организација на Министерството за внатрешни работи, а во соработка со ИЦИТАП – Одделот за правда на САД, Европската команда на Армијата на САД и американската Амбасада.
Пред присутните воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, американскиот амбасадор Џес Бејли и директорот на Европската команда на армијата на САД во Штутгартт, Вејн Раб.
Спасовски и Бејли на церемонијата е предводено да потпишат писмо за донација, а потоа следува откривање на плочата и свечено пуштање во употреба на објектот. Донацијата изнесува над 900 илјади долари.
По разгледувањето на објектот планирана е и показна вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“.