четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ВО ЖИВО: Протест на независниот синдикат на полицијата – испратен ултиматум од 15 дена за покачување на платите

ВО ЖИВО: Протест на независниот синдикат на полицијата – испратен ултиматум од 15 дена за покачување на платите

Независниот синдикат на полицијата денеска го одржува вториот протест низ целата држава со блокади на раскрсниците.

Со протестот тие сакаат да ги алармираат надлежните за лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.

-Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања, истакнаа на протестот во понеделникот од Независниот синдикат, а истото го повторија и денеска.