четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

За брзо возење казнети 254 возачи

За брзо возење казнети 254 возачи

Во текот на вчерашниот ден (26.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи. Од нив 21 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 178 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.