недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Запечени ќофтиња со компири: Ручек којшто ќе го обожавате!

Запечени ќофтиња со компири: Ручек којшто ќе го обожавате!

Печени ќофтиња со компир – лесно се прават, а ќе ве воодушеват со својот мирис и вкус.

Состојки:

За ќофтињата:

500 гр мелено месо
100 гр лебни трошки
2-3 чешниња лук
1 китка зелен кромид
1 лажица сечкан магдонос
Сол, бибер
1 јајце
1,5dcl бело вино

За преливот:

2 лажици кисела павлака
1 лажица доматно пире
1dcl крем за готвење
1dcl вода
сол, бибер, сечкан магдонос
2 прстофати мелен пипер

Во сад ставете ги сите состојки за ќофтињата и убаво измешајте. Оставете 30 минути и направете 28-30 ќофтиња. Откако ќе зовријат, излупените компири варете ги три минути, исцедете ги и додајте една лажица масло, сол, бибер и измешајте.

Во подмачкан сад наредете круг од ќофтиња и компири. Се пече на 200 степени, 30 минути. Измешајте ги состојките за преливот и прелијте ги со ќофтињата и компирите. Печете уште 15 минути. Зачинете со магдонос.