недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Здравковски: Со „антикризната мерка“ на Владата ќе се затворат маалските продавници, ќе се „удри“ по лебарите, млекарите, млиновите..

Здравковски: Со „антикризната мерка“ на Владата ќе се затворат маалските продавници, ќе се „удри“ по лебарите, млекарите, млиновите..

Државата не се откажува од приходите од ДДВ на основните продукти, но со укинување на маржите на истите го осиромашува народот и директно влијае на затварање на работни места како и уништување на малите бизниси. Со тоа што не сакаа да се откажат од укинување на ддв на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, тие даваат до знаење дека државната каса мора да се полни по секоја цена за да издржат овие популистички мерки кои ги донесоа во меѓувреме и наместо тоа, тие забранија дополнителни маржи на леб, млеко, зејтин, стои во Фејсбук статусот на Игор Здравковски.

Тој напуша дека ќе добиеме затварање на малите маалски продавници и производителите на овие продукти со тоа што тие не можат да издржат вакви удари (покрај забраната за работа во недела).

– Сега, со оваа “антикризна” мерка, ќе опстанат само големите маркети во кои кога влегуваме, покрај леб и зејтин купуваме сѐ останато, за разлика од маалските дуќанчиња кои живееа во најголем процент од рабатот на лебот, млекото и цигарите, или во превод од 10.000ден дневен промет, 9.000 беше од тие продукти на кои сега не смеат да имаат рабат, а со тоа ќе немаат ни есап да работат (поради скапа струја, цена на нафтата, зголемен минималец итн). Оваа “антикризна” мерка понатаму директно ќе удри и по лебарите, млекарите, млиновите итн. кои снабдуваа цели градови, а сега ќе мораат да намалат производство и да работат само за побарувачката во големите маркети, па сопствениците ќе мора да го намалат бројот на вработени поради намален обем на работа. А доволна ќе беше волјата на Владата да укине само ДДВ од 5 на 0%, додава Здравковски во својата објава.