четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Животот на обичните луѓе во Северна Кореја: Тие спијат, јадат и се капат едни покрај други

Животот на обичните луѓе во Северна Кореја: Тие спијат, јадат и се капат едни покрај други

Работниците во фабриките во Северна Кореја, веројатно живеат токму така како што сте си замислиле.

CNN објавил кратка видео снимка од заедничко сместување на севернокорејски работници во фабрика.

На видеото се гледаат простории во кои работниците спијат, се капат и јадат едни покрај други, додека портрети од севернокорејскиот лидер има во речиси секоја просторија.

Со оглед на тоа дека станувало збор за однапред најавено и одобрено снимање, таа локација веројатно била дополнително “нашминкана”. Како и да е, видеото дава интересен увид во секојдневниот живот на обичните луѓе во една од најизолираните земји на светот.

Мора да признаеме дека сето тоа заедно потсетува на живот во студентски дом.