Денеска (20.02.2022) од 12.00 до 18.00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 121 возачи.Од нив 101 на територија на Куманово, 11 -Крива Паланка и 9- Кратово.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.