недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

132 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Тетово

132 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Тетово

Вчера од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 103 биле надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-65).Четири од нив, (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за над 70 километри на час, 22 пречекорувања од 50 до 70 километри на час (TE-9 и ГВ-13) и така натаму.

Покрај ова, санкционирани се и 29 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 7(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и воопшто, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.