сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

134 санкционирани возачи за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово

134 санкционирани возачи за пребрзо возење на подрачјето на СВР Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (23 април) од 11 до 17 часот, спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата.

При контролата санкционирани се 134 возачи, од кои 81 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-42 и ГВ-39).Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) биле за повеќе од 70 километри на час.

Покрај ова, санкционирани биле и 53 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ), како и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.