петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

160 санкции за брзо возење на подрачје на СВР Тетово

160 санкции за брзо возење на подрачје на СВР Тетово

На 12.03.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 88 возила (ТЕ-43 и ГВ-45) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.

Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час, 21 возило (ТЕ-12 и ГВ-9) до 70 километри на час и така натаму.

Покрај ова, санкционирани биле и 72 возачи (ТЕ-46 и ГВ-26) кои ја надминале пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќај и прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-7). Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.