среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола

18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола

Денеска (31.05.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 18 пешаци.

За време на контролата регистрирани се и шест останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.