сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

31 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

31 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Вчера (03.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 31 возачи.

Од нив 25 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 6 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните д-нови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.